9. Меѓународен фестивал на краткометражен филм - АСТЕРФЕСТ

03/06/2013

        

Градот Струмица годинава повторно е домаќин на 9то издание на Меѓународниот фестивал ан краткометражен филм - АСТЕРФЕСТ, кој се одржува под мотото Зад деветтото платно  и трае од 1-5 јуни во Струмица, Македонија.

За време на фестивалските денови, посетителите ќе имаат шанса да уживаат во богата домашна и интернационална продукција со околу 50 филмски остварувања поделени во 3 програмски дела: Глобална фикција, Ѕвездени документи и Анимоушн меѓу кои ќе бидат претставени и следниве македонски филмови: „Нашите во Стамбол“ во режија на Елизабета Конеска, македонско/норвешката копродукција „Шумарот“ во режија на Изер Алиу и анимираниот „Кружно патување на сенката“ во режија на Жарко Иванов.

На свеченото отворање на фестивалот, специјалните награди за посебни достигнувања во полето на филмската беа доделени на словенечкиот режисер Карпо Година, награден со Астер за врвни достигнувања во авторскиот филм и почесно признание за вонсериски достигнувања на полето на авторскиот филм на Ларс Хенрик Гас, директорот на Меѓународниот фестивал на краткометражен филм во Оберхаузен, Германија.

Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и општина Струмица.

За повеќе информации http://asterfest.mk/