Отворено новото кино во Прилеп

05/11/2013

Вчеравечер, со проекција на филмот „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски, беше официјално отворено новото кино „Мис Стон“ во Прилеп во склоп на Домот за културата „Марко Цепенков“ како дел од проектот за дигитализација на киносалите низ Македонија.

Проектот за набавка на 15 дигитални проектори за киносалите низ нашата држава беше спроведен од страна на Владата на Република Македонија, Министерството за култура и Филмскиот фонд. Целта на проектот е да заживее киномрежата и да се овозможи на сите македонски граѓани да ги следат македонските и странски филмови од новата продукција. Новото кино се очекува да допринесе за културниот развој на општина Прилеп преку збогатување на културната понуда со квалитетни содржини.