„Мал дисконтинуитет во времепросторот“ и „Барајќи ја среќата“ на фестивал во Белград

10/03/2015

Краткометражниот "Мал дисконтинуитет во времепросторот" во режија на Гоце Цветановски и документарниот „Барајќи ја среќата“ во режија на Марија Џиџева влегоа во официјалната селекција на 62-то издание на Белградскиот фестивал зa документарен и краткометражен филм кој ќе се одржи во периодот од 23-29 март, 2015 година.  

Фестивалот од годинава има нова концепција според која има три натпреварувачки категории и бројни придружни програми. Воедно сите прикажани филмови ке се натпреваруваат и за награди од публиката.