„Мал дисконтинуитет во времепросторот“ на фестивал во Словенија

15/07/2014

Краткометражниот филм „Мал дисконтинуитет во времепросторот“ во режија на Гоце Цветановски е селектиран на Гросман фестивалот за филм и вино во Словенија, каде што ќе се натпреварува за престижната награда Сребрен Мелиес.

Фестивалот се оддржува од 15 до 19 јули во Љутомер, Словенија, а во официјалната селекција ќе се натпреваруваат 20 кратки филма од цела Европа.

Сребрениот Мелиес го доделува жири од Европската Федерација на Фестивали на Фантастични Филмови, а победникот на фестивалот автоматски станува кандидат за Златен Мелиес - најдобар краток фантастичен филм во Европа.

Подетално за програмата на фестивалот, ОВДЕ