„Анимакс Скопје Фест“ го отвори повикот за анимирани филмови

03/07/2015

Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објавува отворен повик за аплицирање за годинешното петто јубилејно издание на фестивалот, кое ќе се одржи во периодот од 5-ти до 8-ми ноември 2015 во Скопје, Република Македонија.

Право да се пријават  имаат сите филмови изработени во било која техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2014 година кои претходно да не биле пријавени на Анимакс Скопје Фест. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории: кратки анимирани филмови, долгометражни анимирани филмови (над 45 минути)

и анимирани филмови за деца.

Краен рок за праќање на пријавите и видео материјалите е 20 септември 2015 година.

Подетални информации на http://www.animaxskopjefest.mk/