„Анимакс Скопје Фест“ го отвори повикот за анимирани филмови
Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објавува отворен повик за аплицирање за годинешното петто јубилејно издание на фестивалот, кое ќе се одржи во периодот од 5-ти до 8-ми ноември 2015 во Скопје, Република Македонија.
Право да се пријават имаат сите филмови изработени во било која техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2014 година кои претходно да не биле пријавени на Анимакс Скопје Фест. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории: кратки анимирани филмови, долгометражни анимирани филмови (над 45 минути)
и анимирани филмови за деца.
Краен рок за праќање на пријавите и видео материјалите е 20 септември 2015 година.
Подетални информации на http://www.animaxskopjefest.mk/