Отворен конкурсот за 3то издание на EAVE+

04/06/2014

Третото издание на EAVE +  ќе се одржи во периодот од 17-21 септември, 2014 г. во хотелот Le Place D’Armes во Луксембург.

12-15 искусни продуценти и 6 истакнати индустриски експерти ќе присуствуваат на четиридневниот настан и ќе дискутираат за структурната поставеност на своите организации, менаџерските практики како и  новите бизнис модели.

Конкурсот е отворен за независни европски и светски продуценти со солидна филмографија и меѓународно искуство. Краен рок за аплицирање е 26ти јуни, 2014.

Предавањата ќе бидат под менторство на Jani Thiltges (директор на одделот за истражувања на ЕАВЕ) и Michael Weber (EAVE консултант) заедно со групни сесии предводени од меѓународните гости и состаноци еден-на-еден.

Предавачи:

Stefan Arndt, германски продуцент

Michael Comyn, менаџмент тренер

Anne Flamant, раководител на филмскиот оддел на OBC Neuflize во Франција

Mike S. Ryan, американски независен продуцент

 

Подетално за EAVE + на  http://eave.org