АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ НА РМ ОБЈАВУВА ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ

13/06/2014

Агенција за филм на Република Македонија, врз основа на Програмата за волонтирање за 2014 година, има потреба од ангажирање на волонтери, студенти поради што објавува:

Јавен повик 

За аплицирање на кандидати за волонтирање

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Агенција за филм на РМ и тоа:
- двајца редовни студенти од сите факултети во Р.Македонија.

Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на волонтер формирана од страна на директорот и истата се спроведува во следниве фази:
1. Административна селекција - утврдување на навременост и комплетност на поднесената документација и исполнетост на пропишаните услови
2. Селективен избор од страна на Комисијата.

Волонтерската работа ќе се извршува во времетраење од 16 јуни до 15 септември 2014 година. Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи:
- мотивационо писмо
- кратка биографија со податоци за контакт
- доказ за заверен последен семестар

Кандидатите кои аплицираат потребните документи да ги достават до архивата на Агенцијата на адреса: ул. 8 ми Март бр. 4,1000 Скопје, со назнака:
„За јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Агенција за филм на РМ.“

По завршувањето на постпката за избор на кандидатот за волонтирање, избраните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа. Кандидатите се охрабруваат да ја посетат и интернет страната на Агенцијата: www.filmfund.gov.mk. од каде можат да добијат повеќе информации за функцијата, надлежноста и делокругот на работа. По завршувањето на волонтирањето, Агенцијата не превзема обврска за вработување на волонтерите.

Краен рок за пријавување 16.06.2014