„Алерик“ награден на фестивалот во Тузла

02/10/2014

Краткометражниот анимиран филм „Алерик“ ја освои главната награда „Вила“ за најдобар анимиран филм, во конкуренција на 17 филмови на овогодинешното издание на Филмскиот фестивал во Тузла, кој се одржа во период од 10-14 септември.

Алерик е емотивна приказна за едно момче-тинејџер, кој после смртта на својот дедо, единствен преостанат член на неговото семејство, немајќи друг избор одлучува да оди во војска и одма е испратен на бојно поле.

Филмот е во режија на Вук Митевски, по сценарио на Теона Стругар Митевска.