„ЏГАН“ на фестивалот Балкан Флоренс Експрес во Италија

24/02/2017

 

Филмот „Џган“ во режија на Вардан Тозија и во продукција на Дрим Фектори, ќе биде прикажан на петтото издание на фестивалот Балкан Флоренс Експрес, кој од 23 до 26 февруари 2017, ќе се одржи во Фиренца, Италија.

Фестивалот дава преглед на најдобрите филмови од земјите од Западен Балкан. Како организатори се јавуваат Оксфам Италија и Фондацијата Sistema Тоскана, во соработка со Филмскиот фестивал во Трст и со поддршка на филмскиот фонд на регионот Тоскана.

Куриозитет е тоа што голем број на дебитантски филмови од сега веќе етаблирани и реномирани режисери од регионот, ги имале нивните премиери токму на овој фестивал. Режисерот Вардан Тозија ќе биде присутен на фестивалот и лично ќе го промовира своето режисерско деби.

Покрај македонскиот продуцент на филмот Дрим Фектори, како ко-продуценти се јавуваат и Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network.

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа учествуваат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Ристо Буразденов, Мартин Живковски и др.

Покрај режисерот и сценарист Вардан Тозија, како и продуцентот Огнен Антовна филмот работеа и Горан Игњатовски - дизајн на шминка и маски, Жаклина Крстевска - костимограф, Игор Поповски - дизајнер на звук, Александар Пејовски - автор на музика, Кирил Спасески и Наташа Димитриевска - сценографија, Владимир Самоиловски - директор на фотографија, Атанас Ѓеоргиев - Монтажа, Кирјана Николовска - кастинг директор.