„Џган“ продолжува со фестивалските успеси

22/08/2017

 

Македонскиот игран филм „Џган“ во режија на Вардан Тозија, продолжува со фестивалски успеси, со што го оправдува приматот на еден од најуспешните Македонски филмови од поновата Македонска историја. 

Во периодот кој следи „Џган“, ќе биде представен во официјалните селекции на фестивалите во :

- Kitzbuhel, Austria (http://ffkb.at/en/film_category/movie-2017/)

- Otranto, Italy (http://www.otrantofilmfundfestival.it/1/)

- DEA Open Air Festival, Albania (https://deafilmfest.al/filmfestival/)

Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network.