“ЏГАН” на фестивал во Гвадалахара, Мексико

16/03/2017

 

Македонскиот игран филм „Џган“, во режија на Вардан Тозија и во продукција на Дрим Фектори, ќе биде прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Гвадалахара, кој претставува културен настан од големо значење за Мексико и се смета за еден од најважните фестивали на Американскиот континент за промоција и дистрибуција на мексиканската и јужноамериканската кинематографија, но и на најважните Светски филмски достигнувања. 

Како фестивал на премиери на филмови од Латинска Америка, FICG служи како богат форум за креативна размена меѓу професионалци, режисери, критичари, студентите, како и публиката од “Ibero” Америка. Многу дебитантски филмови од до сега веќе етаблирани и реномирани режисери, ги имале нивните премиери токму на овој фестивал. ЏГАН на овој фестивал ќе има свои две прикажувања во официјална конкуренција и тоа во ПАНОРАМА СЕКЦИЈАТА.

Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network.