„Џган“ ја освои главната награда “Златен светилник 2017” на филмскиот фестивал во Отранто, Италија

19/09/2017

 

Македонскиот игран филм „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија, ја освои главната награда „Златен светилник 2017“ на Филмскиот Фестивал во Отранто, Италија.

Македонски продуцент на филмот е Огнен Антов за Дрим Фектори, а ко-продуцент е Red Helicopter Films од Албанија. Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.

Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network.