Започнува 4то издание на „Анимакс Скопје Фест“

25/11/2014

Четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест 2014“ официјално отвори со филмот „Чекајќи го мај“ на Симоне Маси. На фестивалот, што ќе се одржува до 6-ти декември во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани 51 филм, избрани од пријавените рекордни 326 анимации од целиот свет, голем дел од кои се носители на престижни фестивалски награди. Традиционално на последниот ден на фестивалот ќе бидат доделени наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула. За време на фестивалот ќе бидат одржани и работилници во просториите на Кинотека на Македонија.

Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, а во соработка со Кинотека на Македонија.

„Анимакс Скопје Фест“ е прв фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови, за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

Целосната фестивалска програма можете да ја погледнете на http://www.animaxskopjefest.mk