Отворен е повикот за аплицирање на „Анимакс Скопје Фест“

13/08/2013

Повикот за аплицирање за третото издание на интернационалниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ кој ќе се одржи во ноември 2013 година е официјално отворен.

Пријавените филмови за официјалната компетиција можат да бидат сработени во било која техника, со времетраење до 25 минути, а да бидат реализирани по 31 декември 2011 година.

Награди кои ќе бидат доделени се традиционалните Златна, Сребрена и Бронзена Тула, како и Златна Тула за најдобро анимирано остварување за деца.

Крајниот рок за пријавување е 30-ти септември.

Апликацијата и правилата за аплицирање можат да се видат на:

http://www.animaxskopjefest.mk/en/

http://www.animaxskopjefest.mk/en/pravila/