Започнува „Анимакс Скопје Фест“

07/11/2013

       

Третото издание на македонскиот меѓународен фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје-фест“ отвора денес  со анимираниот филм „Кружно патување на сенката“ во режија на Жарко Иванов.

Публиката ќе има можност да ужива во најдобрите анимирани остварувања од светот со рекорден број од 257 анимирани филмови од 50 земји кои се пријавија на годинешното издание на фестивалот, кој ќе се одржи во периодот од 7-9 ноември, 2013 година. Во програмата освен „Кружно патување на сенката“ влегоа и македонските филмови „Алерик“ во режија на Вук Митевски и „Зевање (или животот накратко) “ на авторот Ице Виранов. Проекциите на филмовите ќе се одржуваат во кино Фросина-Скопје.

Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура, градот Скопје и Фондот на холокаустот на Македонија.

Повеќе информации на официјалната веб страна на фестивалот