Доделени наградите на првото издание на „Анимакс Скопје Фест“

28/11/2011

На 26-ти ноември 2011 заврши првото издание на македонскиот интернационален фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ со проекции на последниот дел филмови во официjaлната селекција. 

Интернационалната жири-комисија составена од канадската авторка на анимирани филмови Ан Мари Флеминг, српскиот професор по анимација и уметник Растко Чириќ и македонскиот аниматор Дарко Марковиќ ги прогласи добитниците на златната, сребрената и бронзената тула, како и специјалната награда на Анимакс Скопје Фест.

  • Добитник на Златна Тула - „A Morning Stroll“ , UK, 2011/ 06'47'') од авторот Grand Orchad 

  • Добитник на Сребрена Тула - „Overcast", Canada, 2011/ 09'25'' од авторот Velislav Kazakov 

  • Добитник на Бронзена Тула - „The Silence Beneath the Bark", France, 2010/ 11'08'' од авторката Loanna Lurie 

  • Добитник на специјална награда - „Adaptation", Bulgaria, 2011/03'00'' 

Повеќе информации можете да најдете на: http://animaxskopjefest.mk/en