Заврши снимањето на „Деца на сонцето“

29/07/2013

Заврши снимањето на долгометражниот филм „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митриќески, а последната клапа беше снимена деновиве на пероните на Железничката станица во Скопје.

Филмот почна да се снима на 17 јуни на локации во Ресен, Отешево, Претор, Битола и Скопје. Станува збор за љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко кои ги толкуваат младите Кире Ѓоревски и Ивана Павлаковиќ.

Филмот е копродукција со Србија и Црна Гора, по сценарио на Гордан Михиќ а македонски продукции се „Хоризонт продукција“ и „Револушн продукција“. Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска а костимограф е Зорица Тодорова-Младеновиќ.

Ова е трет филм на режисерот Антонио Митриќески  по „Преку езерото˝ од 1997 и „Како лош сон“ од 2003 година.