Аплаузи за „Панкот не е мртов“ во Карлови Вари

05/07/2011

На втората проекција на филмот „Панкот не е мртов“  во салата Lazne III, беше преполна со публика, сите карти беа распродадени. После проекцијата Режисерот Владимир Блажевски, продуцентот Дарко Попов и актерите Јордан Симонов и Камка Тоциновски околу 35 минути одговараа на прашањата на публиката. Реакциите по трите проекции на фестивалот се многу позитивни, а беше понудено и од неколку фестивали филмот да биде дел и од нивната програма. Режисерот на филмот беше повикан да даде повеќе интервјуа за медиумите.

На Work in progress секцијата филмот „Балканот не е мртов“ го презентираше Роберт Јазаџиски, а потоа беа прикажани видео материјали од филмот.

Интервјуто со режисерот Владимир Блажевски можете да го погледнете на официјалната веб страна на фестивалот: www.kivff.com

 

 

 

 

 

 

Вечер: "Панкот не е мртов" ги наполни киносалите во Карлови Вари!

Нова Македонија: Панкот...“ пред полна сала во Карлови Вари 

Журнал: „Панкот“ растури во Карлови Вари

Утрински Весник: „Панкот...“ меѓу првите пет според гласовите на публиката