Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Пријавувањето за „Pitch Balkan“ и „Albascript Plus“ отворено до 10 Септември

05/09/2017

 

Во рамките на Балканскиот Филмски Маркет, кој од 02 до 07 октомври 2017, ќе се одржи во Тирана, Албанија, ќе се реализираат две програми за филмски професионалци, „Pitch Balkan“ и „Albascript Plus“. Пријавувањето е отворено до 10 Септември.

Со цел да се охрабри продукцијата на балканските филмови, да се поттикне регионалната соработка и да се зајакне копродукцијата преку привлекување проекти кои би се снимале во регионот, Балканскиот Филмски Маркет го објави повикот за учество и претставување на проекти во рамките на „Pitch Balkan“.

„Pitch Balkan“ ќе се одржи од 4 до 7 октомври и е отворен за европски или регионални филмаџии, кои работат на развој на нивниот прв или втор игран или документарен филм и имаат обезбедено најмалку 10% од потребните средства за реализација. Пријавување и повеќе информации.

Врз основа на искуството на локалната работилница Albascript 2016, новоформираниот „Albascript Plus“ е отворен за долгомоетражни и кратки играни филмови на филмски автори од балканскиот регион.

„Albascript Plus“ е петдневна дневна работилница која на сценаристите им нуди можност интензивно да работат на своите сценарија во средина структурирана за да ја поттикне регионалната соработка и развојот на квалитетот. Пријавување и повеќе информации.