Отворен конкурсот за Работилницата EAVE +

05/11/2013

 

Конкурсот за аплицирање за втoрото издание на работилницата ЕAVE + за искусни продуценти од Европа и светот е официјално отворен.

Работилницата ќе се одржи во период од 9-12 јануари, 2014 година во Хотелот Le Place D’Armes во Луксембург. За време на четиридневната работилница, 12-14 искусни продуценти предводени од 6 истакнати европски предавачи ќе дискутираат за организационите структури, менаџерските практики  и новите бизнис модели.

Конкурсот е отворен за независни светски и европски продуценти со големо меѓународно искуство. Краен рок за аплицирање е 11 Ноември 2013 година.

EAVE + се организира двапати годишно во Луксембург, со дебати на различни теми и експерти од тие области. ЕAVE + е во организација на  МЕДИА програмата на Европската Унија, програмата Медиа Мундус и Филмскиот фонд на Луксембург.

 

Повеќе информации на  http://eave.org/programmes/eave/