Азиска премиера на филмот “ЏГАН (анг. AMOK)” на фестивалот во Шангај

19/06/2017

 

Најновиот фестивалски успех на македонскиот филм „ЏГАН“ е неговото учество на Филмскиот Фестивал во Шангај, Кина, што воедно е и негова голема Азиска премиера.

Во јубилејната 20та година од своето постоење, следејќи го брзиот развој на Кина и нејзината филмска индустрија, но и наметнувањето на Шангај како меѓународна културна метропола, SIFF прерасна во професионална платформа за културна размена на филмови од целиот свет. SIFF преку четирите големи активности, натпреварувачката селекција, филмскиот маркет, филмскиот форум и филмската панорама, се етаблира како сериозен фестивалски бренд и најголем Азиски филмски фестивал, со преку 350.000 посетители.

20-тиот Шангај Меѓународен филмски фестивал се одржува од 17 до 26 Јуни 2017 година. Своето прво прикажување АМОК го имаше во престижниот кино центар Tian Shan Cinema-Hong Qiao Art Center Flagship Store. За време на фестивалот, филмот ќе биде претставен од страна на режисерот Вардан Тозија.

Македонски продуцент на филмот е ДРИМ ФЕКТОРИ, а филмот е реализиран со финансиска поддршка од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.