Стартува 8. Астерфест

25/05/2012

Вечерва, со почеток во 19.30 ч. во салата на Центарот за култура „Антон Панов“  во Струмица ќе започне осмиот по ред фестивал на краток и документарен  филм „АСТЕРФЕСТ“ под мотото „Одисеја 2012“, а ќе трае до 29 мај.

Петдневната фестивалска програма ќе опфати околу педесетина краткометражни содржини, документарни и анимирани филмови. Оваа година фокусот на категоријата Мувиленд ќе биде свртен кон Русија и нивните кратки филмови. Како новитет во официјалната програма ќе биде и воведувањето на наградата за најдобро сценарио која ќе го носи името "Ѓорги Абаџиев", а ќе биде одржана и работилница за филмско сценарио.

 Лауреати на осмото издание на Астерфест се режисерот Владимир Блажевски и актерот Славко Штимац, кои ќе ги добијат почесните награди на свеченото отворање, вечерта на 25-ти, за високи достигнувања  и особен придонес во филмската уметност. Во нивна чест ќе бидат прикажани филмовите „Бјуик Ривиера“ (со Штимац во главната улога) и „Панкот не е мртов“ (во режија на Владимир Блажевски).

Подетално за програмата ОВДЕ