Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Avec L`amour“ на 23. Саревски филмски фестивал

20/07/2017

 

Македонскиот документарец „Avec L`amour“ во режија на Илија Цветковски за неготинецот Дионис, кој што поседува над 100 олдтајмери, е во официјалната документарна селекција на претстојниот 23. Саревски филмски фестивал.

Филмот раскажува приказна за поранешен професор кој што поседува над сто стари автомобили и неговиот сон ова невообичаена колекција да прерасне во голем музеј, а тука е и неговата жена Гоца, која ја поддржува оваа страст на Дионис.

Низ спонтаните и симпатични брачни расправии, поддржани од одличниот саундтрак на „Фолтин“, се гради филмската љубовна приказна, која се вози на запалените мотори од старите автомобили, разоткривајќи ги новите агли на познатите стереотипи. Околу овие неколку точки се развива приказната на македонскиот документарен филм „Avec L`amour“, кој на 2 мај ја имаше својата премиера на еден од најпрестижните фестивали за документарен филм во светот, „Хот докс“ во Торонто, Канада, по што беше прикажан и на Док.фест во Минхен, а македонската публика овој филм премиерно ќе може да го погледне  во август во рамките на фестивалот Македокс.

Екипата на фимот ја сочинуваат режисерот Илија Цветковски, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев, кинематограферите Драган Паковски и Самир Љума, автори на музиката се Фолтин, а дизајнот на звукот е на Атанас Георгиев и Александар Ѓорѓевиќ.