Награда и нови фестивали за филмот „Борба за смрт“

23/11/2016

 

 

Краткометражниот игран филм „Борба за смрт“ по сценарио и режија на Елеонора Венинова се закити со уште една награда: „Златна мачка“ за втор најдобар филм во меѓународна конкуренција на Филмскиот фестивал за краток филм во Измир, Турција кој се одржа од 1 до 6 ноември 2016 година.

Во меѓувреме филмот е селектиран во официјална конкуренција на уште три фестивали, „Certamen International Cortos Soria“ во Шпанија, „Bogota short Film Festival“ во Колумбија, како и „Goa Arts and Literature Festival” во Гоа, Индија.  Филмот досега е прикажан на дваесетина фестивали низ целиот свет.

„Борба за смрт“  е во продукција на „ДНФ филмс“, и продуцентот Гоце Кралевски а е поддржан од Агенција за филм на РМ и од телевизија „Канал5”.