Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Доделени наградите на второто издание на фестивалот „Киненова“

30/10/2017

 

Второто издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ Скопје 2017, се одржа од 6 до 11 Октомври.

Наградата за најдобар филм на фестивалот ја доби филмот „Фамилија“ на Густаво Рондон Кордова (Венецуела), босанскиот филм „Мажите не плачат“ на Ален Дрљевиќ ја доби наградата за најдобар режисер, израелскиот филм „Една недела и еден ден“ на Асаф Полонски ја доби наградата за најдобро сценарио, а специјално признание од жирито доби филмот „Кула“ на режисерот Кит Мајтланд.

Во конкуренција за кратки филмови наградени се „Британец по божја волја“ од Шон Дан и „Ана“ од Марго Зубашвили, Грузија, а специјално признание доби филмот „Судир“ на Хонг Хенг Фаи од Макао.

За најдобар филм од Македонската селекција на кратки филмови беше прогласен „Долго патување до дома“ од Ибрахим Деари.

Наградата за развој на сценарио ја доби Јаков Попоски за проектот „Мост“.