„Балканот не е мртов“ на фестивал во Франција

26/07/2013

Филмот „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски ќе учествува на филмскиот фестивал „One country one film“, кој се одржува од 26-28 јули во францускиот град Апша. Филмот ќе биде прикажан на 28 јули, а ова е прв меѓународен фестивал за филмот кој премиерно беше прикажан на минатогодишното издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Во филмот играат: Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Јордан Симонов, Раде Шербеџија, Никола Ацески и Наташа Тапусковиќ.
Фестивалот секоја година избира по една земја на која го свртува фокусот, годинава тоа е Романија која ќе биде претставена со шест филма од националната продукција.

Фестивалот се одржува четврта година, а ова е второ претставување на Македонија по минатогодишното учество на краткометражниот филм “Крајот на светот' во режија на Јани Бојаџи.

„Балканот не е мртов“ е во продукција на „Кино Око“ и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.

Повеќе информации за фестивалот, ОВДЕ