„Бардо“ селектиран на Филмски фестивал во Турција

17/09/2012

Краткометражниот филм „Бардо“ во режија на Марија Апчевска, е влезен во официјална селекција на Меѓународниот филмски фестивал „Златен Кожурец“, кој се одржува во периодот од 17 – 23 септември во Адана, Турција. Филмот е 14 минутно остварување и прикажува поглед на светот виден низ призмата на мало девојче.

 

 

Филмскиот фестивал „Златен кожурец“ успева да понуди презентација на филмски проекти од млади, просперитетни автори од земјите покрај Медитеранот, промовирајќи го на тој начин нивниот креативен и уметнички потенцијал и овозможувајќи им на учесниците платформа за меѓукултурна комуникација и пренесување искуства.

„Бардо“ , кој е дел од програмата на краток филм на годинешното 33 по ред издание на Фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“, беше премиерно прикажан на годинешното Берлинале  и е  добитник  на награди од значајни филмски фестивали.

 

Повеќе информации за фестивалот и фестивалската програма ОВДЕ