Награда за „Бардо“ во Монпелие

07/11/2012

Краткометражниот филм „Бардо“ во режија на Марија Апчевска освои уште една награда на меѓународен план. Филмот беше прикажан во официјална кокнуренција од 22 краткометражни филма и ја освои  наградата „Cinecourts“ на 34. Фестивал на медитерански филм - Синемед, кој се одржа во периодот од 26 окт. до 3 ноември во Монпелие, Франција. Наградата се однесува на телевизиско прикажување и промоција на „Бардо“ во програмата Cinecourts, специјализирана за најдоброто од Европскиот краток филм секоја година.

„Бардо“ е приказна за пријателството на девојче со својот балон кој ја потсетува на нејзиниот татко. Приказна во која акцентот е ставен на погребен ритуал каде светот на детето се судрува со светот на возрасните.

На фестивалот учествуваше и долгометражниот „Парада“, копродукција на Србија/Македонија/Хрватска/Слоевнија во режија на Срѓан Драгојевиќ, кој ја освои наградата од публика.