„Бардо“ најдобар краткометражен филм во Тузла

29/08/2012

 

Според оценката на стручното жири на 1. издание на Филмскиот фестивал во Тузла, македонскиот филм „Бардо“ во режија на Марија Апчевска е награден за најдобар краткометражен филм од јужнословенските простори.

Ова е четврта награда за филмот кој својата премиера ја доживеа на годинешното Берлинале. Станува збор за 14 минутно остварување во кој акцентот е ставен на погребен ритуал виден низ призмата на мало девојче, лик кој го толкува осумгодишната Марија Богоевска.

Првиот Филмски фестивал во Тузла, кој се одржа во периодот од 22-26 август, освен богат избор  од врвни филмски остварувања од јужнословенските простори кои беа прикажувани во четири програмски категории понуди и голем број на активности- тркалезни маси, дискусии и дебати.