Краткометражниот „Бардо“ на Фестивалот ShorTS во Трст, Италија

03/06/2015

Краткиот филм ‘‘Бардо‘‘ во режија на Марија Апчевска, селектиран е во програмата на кратки филмови за деца “SweeTS 4 Kids”, во рамките на 16. ShorTS - Меѓународен филмски фестивал во Трст, Италија (2-10 јули, 2015).

Филмот прикажува поглед на светот виден низ призмата на мало девојче. Главната улога ја игра Марија Благоевска. Филмот е реализиран во продукција на Авеа филм и е поддржан од Агенција за филм на РМ.