„Бардо“ со награда во Романија

25/06/2012

Ве известуваме дека краткометражниот филм „Бардо“, дипломски труд на режисерката Марија Апчевска, ја доби наградата за најдобар краток филм на второто издание на Меѓународниот фестивал „Дрим Фест Синема“ кој се одржа во Слатина, Романија во периодот од 20 до 24 јуни. Ова е трета награда за филмот, кој својата светска премиера ја доживеа на годинешното Берлинале.

Повеќе информации за фестивалот ОВДЕ