Бардо со две награди на Астерфест

29/05/2012

    

Краткиот  филм „Бардо“, кој својата светска премиера ја имаше на годинешното Берлинале, триумфираше и на Фестивалот на краткометражен и документарен филм АСТЕРФЕСТ . Филмот, кој ја имаше честа да го отвори петдневниот фестивал, ја освои наградата за најдобар краткометражен филм, додека пак наградата за најдобар македонски автор заврши во рацете на режисерката на филмот, Марија Апчевска.

„Бардо“ на еден исклучителен начин го отсликува детскиот поглед на светот на едно осумгодишно девојче. Бардо е тибетски збор кој значи состојба помеѓу. Во филмот тоа е состојба помеѓу животот и смртта, меѓу светот на детето и на возрасниот.