BaNeFF 2015 - Отворен повик за аплицирање

02/12/2014

Отворен е повикот за аплицирање на „Balkan New Film Festival“ кој ќе се одржува во период од 12-16 февруари, 2015 година во Стокхолм и паралелно во осум градови во Шведска како и Осло и Берген во Норвешка.

Фестивалот има за цел да ја подигне свеста и да ги промовира бројните аспекти на меѓународната кинематографија во сите свои форми. Во склоп на фестивалот се организираат и ретроспективи посветени на значајни фигури со цел збогатување на знаењето за филмската индустрија.

Фестивалот е отворен за долгометражни и документарни остварувања, во продукција не постара од 2012 година. Апликантите треба да ја пополнат Апликацијата и да испратат копија од својот филм до Фестивалот по електронски пат или пошта.

Краен рок за аплицирање: 12.12.2014

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање на www.baneff.com