Завршува Ревијата на македонски филмови во Берово

07/07/2014

         

Вечерва во Берово се затвора Ревијата на македонски филмови. Настанот беше организиран од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија и Кинотеката на Република Македонија а во соработка со Министерството за култура на Република Македонија во рамки на летната културна програма на општина Берово.

Неделата на македонски филмови отвори минатата недела со проекции во салата Бизнис Инкубатор. Беровската публика имаше можност да ги проследи филмовите од новата македонска продукција меѓу кои „Влакна“ на Елеонора Венинова, „Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски, „Материјал за аудиција“ на Ѓорче Ставревски, „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, „Човекот со чудна навика...“  на Вардан Тозија, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Игра и спас“ на Горан Тренчовски, „Војната заврши“ на Митко Панов, „Убаво време за умирање“ на Сенад Абдули,  „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски, „Недовршена приказна“ на Наум Михајловски, „Барајќи си ја среќата“ на Марија Џиџева и „Плати и жени“ на Атанас Георгиев.

Во соработка со Гете институтиот и Кинотеката на Македонија најмладите уживаа во детската програма “БУФ”.

 

Погледнете ја ГАЛЕРИЈАТА