Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Најдобра камера за „Жената која ги избриша своите солзи“

10/08/2012

Македонскиот филм „Жената која ги избриша своите солзи“ се враќа од годинешното издание на Филмскиот фестивал во Херцег Нови со „Златна мимоза“ за најдобра камера. Директорот на фотографија, унгарецот Матијаж Ергели е награден од жирито со кое претседаваше македонскиот режисер Владимир Блажевски. Наградата е врачена поради особената визуелност која на најдобар начин придонесува за посебната атмосфера на филмот а како гостин на  фестивалот присуствуваше и  режисерката Теона Стругар Митевска. На фестивалот во програмата за студентски филмови биле прикажани и македонските краткометражни филмови „Синот“ и „Редак“ во режија на Марко Ѓоковиќ и Владимир Митревски.

Ова е прва награда за филмот на Митевска, кој својата светска премиера ја доживеа на годинешното Берлинале. Филмот го очекува учество и на неколку меѓународни фестивали како Меѓународниот филмски фестивал Еспо Сине во Финска и Филмскиот фестивал во Тузла.

Минатогодишната „Златна мимоза“ за најдобра машка улога отиде во рацете на македонскиот актер Јордан Симонов, за неговото учество во филмот „Панкот не е мртов“.

 

Повеќе информации за фестивалот, ОВДЕ