Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Големо признание за фестивалот на европски филм „Синедејс“ - Скопје

30/05/2018

 

 

 

         Фестивалот на европски филм „Синедејс“ успеа да се акредитира во FIAPF - Меѓународна федерација на асоцијации на филмски продуценти и да се здобие со големото признание  “Competitive film festival specialized in European first and second feature films” - Натпреварувачки филмски фестивал специјализиран за европски прв и втор долгометражен игран филм. Одлуката за зачленување на  „Синедејс“  во специјалната селекција е донесена едногласно за време на Генералното собрание на FIAPF на 18 февруари 2018 г.

         Оваа акредитација од страна на FIAPF, не само што го вбројува „Синедејс“  во редот на 47 фестивали од светот акредитирани преку оваа програма, вклучувајќи ги Берлин, Бусан, Кан, Сан Себастијан, Торонто и Венеција, истовремено е гарант за квалитет и спроведување на строгите фестивалски стандарди дефинирани од меѓународната филмска заедница која членува во оваа важна интернационална федерација.