„Епизодист“ награден во Лос Анџелес

22/08/2012

Краткометражниот филм „Епизодист“ во режија на Игор Алексов ја освои наградата за најдобар меѓународен краткометражен филм на еден од најпрестижните фестивали на краткометражен филм во светот, „Холишортс филм фестивал“, кој годинава се одржа по осми пат во Холивуд, Лос Анџелес.

Ова е втора награда за филмот, кој беше награден со Гран при за најдобар краткометражен филм на Скопскиот филмски фестивал во 2011 година.

Филмот во кој играат Јана Стојановска, Предраг Павловски, Силвија Стојановска и Игор Ангелов е исто така  селектиран во официјална конкуренција и на фестивалот на краткометражен филм во Хелдсбург, Калифорнија кој ќе се одржи од 21 до 23 септември, а го очекува учество и на годинешното издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.