Прв фестивал на францускиот филм во Битола

17/03/2012

Од 16 до 21 март во организација на Француската Алијанса од Битола, Францускиот институт од Скопје и НУ Центар за култура во Битола ќе се одржи првиот Фестивал на францускиот филм.

Во големата сала на Центарот за култура ќе бидат емитувани 11 проекции на шест оригинални француски филмови кои ја претставуваат разноликоста на француското кино во последните две години.

Францускиот амбасадор во Македонија, Жан Клод Шлумберже, ќе го отвори овој меѓународен културен настан за кој се очекува голема посетеност во наредните неколку денови.