Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Благоја Куновски член во жирито на престижните фестивали во Карлови Вари и Минхен

30/06/2017

 

Благоја Куновски Доре, филмски критичар, долгогодишен селектор и сегашен директор на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, е член во жирито на два престижни филмски фестивали што се одржуваат деновиве во Карлови Вари и Минхен.

На 52. издание на филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка, кој трае од 30 јуни до 8 јули, годинава Куновски е член на тричлената оценувачка комисија за наградата „Федеора“, значајно филмско признание кое го доделува Федерација на филмските критичари на Европа и Медитеранот. Оваа федерација е формирана во Кан, 2010 година, а наградата Федеора се доделува за време на релевантните интернационални филмски фестивали. Во Карлови Вари, престижната награда „Федеора“ се доделува во категоријата најдобар филм.

На филмскиот фестивал во Минхен, кој се одржува од 22 јуни до 1 јули, Благоја Куновски – Доре е член на тричленото жири на исклучително влијателната меѓународна федерација на филмски критичари и новинари ФИПРЕСЦИ, која доделува награда за најдобар филм. Годинава, покрај Куновски, членови се Вица Симинова од Русија и Лук Имхан од Холандија.

Интернационалниот филмски фестивал во Минхен постои од 1983 година, а годинава е домаќин на околу 2000 филмски професионалци од светот и 500 акредитирани новинари.