ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ MIDPOINT Intensive Macedonia 2017

02/03/2017

 

MIDPOINT Intensive Macedonia 2017 е професионална програма за развој на филмски проекти, отворена за македонските креативни тимови составени од сценарист, режисер и продуцент.

 

Краен рок за пријавување: 15 март 2017

 

Во текот на работилницата, тимовите ќе работат на креативниот развој на сценариото, како и на продукциските аспекти на нивните проекти. По работилницата, ќе бидат овозможени наменски онлајн консултации, во зависност од потребите на секој од проектите.

Работилницата ќе биде предводена од искусниот консултант за сценарија Павел Марек и истата ќе биде придружена со пленарни сесии и еден-на-еден средби со меѓународен тим на експерти од различни области на аудиовизуелната индустрија.

 

Датуми и локација: 12-16 Јуни 2017 (Охрид, Македонија); 12 пристигнување, 16  заминување

 

Надоместок за учество: 100 евра по проект.

Надоместокот ги опфаќа трошоците за работилницата, on-line консултациите и сместувањето бна база полн пансион за време на работилницата.

Учесниците сами ги покриваат патните трошоци.

 

Право на учество имаат:

- Креативни тимови на продуцент, режисер и / или писател со

- Најмалку прва верзија на сценарио или напреден тритмент

 

Потребни материјали:

- Основни информации за учесниците и проектот (дел од формуларот за апликација)

- Синопсис (pdf)

- Тритмент или Сценарио (pdf)

- Сценаристичка експлиакција (pdf)

- Продукциска анализа (pdf)

- Режисерска експликација (ПДФ)

- Биографија на сите членови на тимот (pdf)

- Претходни дела на Сценаристот (pdf или линк)

- Претходни дела на Режисерот (линк)

 

АПЛИКАЦИЈА:

Регистрирајте се и испратете ги материјалите преку овој линк: https://vp.eventival.eu/midpoint