Повик за аплицирање на Манаки Скрипт Корнер 2013

02/07/2013

34. Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Филмскиот Фонд на РМ го најавуваат скрипт корнерот – Браќа Манаки Скрипт Корнер 2013. Програмот обезбедува дводневна интензивна работилница за развој на сценарио со светски познат скрипт доктор од Европа. Успешните кандидати ќе остварат работна средба за време на 34то издание на  Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи во периодот од 14 – 20 септември.

Официјалниот јазик на Манаки Скрипт Корнерот е англиски.

Фестивалот ги покрива патните и трошоците за сместување на четирите одбрани сценаристи, а најдоброто избрано сценарио ќе добие парична награда во износ од 1500 евра.

Кандидатите мора да доаѓаат од една од европските земји и да имаат оновано продуцентска куќа.

Потребни документи за аплицирање:

- Сценарио

- Синопсис

- Изјава на авторот

- Биографија на сценаристот

- Биографија на продуцентот

- Профил на компанијата  

Сите документи потребно е да се испратат во pdf форма на info@manaki.com.mk

Краен рок e 5 август 2013.

Избраните проекти ќе бидат објавени на 1 септември на официјалниот веб сајт на ИФФК Браќа Манаки www.manaki.com.mk.