Отворени конкурси за аплицирање!

28/01/2015

Оваа година Агенцијата за филм на Република Македонија во согласност со Законот за филмската дејност (Службен весник на Република Мaкeдонија бр. 82/13, 18/14 и 44) објавува повеќе конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност кои имаат за цел да ја унапредат дејноста и да придонесат кон нејзин континуиран развој.

Конкурсите можете да ги најдете на следниве линкови:

 

 

Покрај конкурсите за производство на филмови и за пишување на филмски сцeнарија, од оваа година Агенцијата ја превзема и надлежноста за поддршка на Фестивалите и манифестациите од областа на филмот кои во претходните години беа финансиски поддржувани од страна на Министерството за култура.

Со цел презентација и практично објаснување на начинот на пополнување на пријавите и другите обрасци кои се составен дел од конкурсите, Агенцијата за филм на Република Македонија организира отворени денови за консултации за конкурсот на кои ќе биде направена презентација и практично објаснување на начинот на пополнување на пријавите и другите обрасци каде учесниците на Конкурсот ќе може да се информираат, да бараат совети и сл.

На ден 16.02.2015 (Понеделник) и 17.02.2015 (Вторник) од 11.00 до 12.00 часот ќе се одржи презентацијата за конкурсот за филмкска продукција, а на 04.02.2015 година (Среда) од 11.00 до 12.00 часот ќе се одржи презентацијата за конкурсот за поддршка на останатите проекти од национален интерес.