Повик за работилница: Креативна употреба на архивски материјали во документарните филмови

26/05/2014

 Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс   организира  шестдневна работилница (15-20 јуни 2014) насловена  „Креативна употреба на архивски материјали во документарните филмови“, под менторство на режисерката Мира Турајлиќ од Србија и продуцентката и режисерка Ноеми Шори од Израел. Работилницата ќе се одржува во Куршумли Ан и Кинотека на Македонија, Скопје.

Работилницата ќе ги опфати најважните аспекти на архивското документарно филмско творештво. Со анализа на успешни примери на креативна употреба на архивски материјали во различни типови на документарни филмови, од историски, до лични и интимни, работилницата ќе се обиде да понуди правци за искористување на драмските и наративните потенцијали на архивските снимки.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на festival@makedox.mk, најдоцна до 1ви Јуни 2014. Вкупно десет кандидати ќе бидат избрани за учество во работилницата. Избраните кандидати ќе бидат известени по електронски пат најдоцна до 5ти Јуни 2014.

Трошоците за учество на работилницата изнесуваат 100 евра. Ова не ги покрива трошоците за транспорт, сместување и храна на селектираните кандидати. Дел од сесиите бесплатно ќе бидат отворени за сите заинтересирани.

Детален распоред на работилницата, ОВДЕ