Повик за пријавување на ко-продукцискиот форум WHEN EAST MEETS WEST 2018

15/09/2017

 

Следното издание на копродукцискиот форум When East Meets West - WEMW (http://www.wemw.it/), закажано за периодот помеѓу 21 и 23 јануари 2018 година, ќе го претстави својот двоен фокус „Исток и Запад“ и на едно место ќе собере повеќе од 400 филмски професионалци од повеќе од 30 земји. Посебен акцент ќе биде ставен на соработката помеѓу нордиските земји и земјите од Југоисточна Европа, а ќе бидат избрани и презентирани 20 проекти во развој.

Крајниот рок за аплицирање е 31 октомври.

Согласно критериумите за аплицирање:

  • Проектите мора да бидат играни или документарни филмови со обезбедени најмалку 15% од вкупниот буџет на филмот
  • Проектите од нордиските земји треба да бидат копродукции или да имаат потенцијал за копродукција со земјите од Југоисточна Европа или Италија
  • Проекти од земји од Југоисточна Европа (ова се однесува на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија) треба да бидат копродукции или да имаат потенцијал за копродукција со нордиските земји или Италија
  • Проектите од сите други земји треба да бидат копродукции или да имаат потенцијал за копродукција со нордиските земји, земјите од Југоисточна Европа или Италија

Сите апликации мора да го содржат следново:

  • пополнето формулар за апликација
  • тритмент на англиски (максимална должина од 5-8 страници)
  • финансиски план
  • тизер за доставен проект или претходно филмско дело од истиот режисер.

Апликацијата се врши преку креирање на сопствен профил и пополнување а формуларот на следниот линк: https://vp.eventival.eu/trieste/2018

Проектите ќе бидат избрани во средината на декември, а избраните продуценти ќе добијат индустриска WEMW акредитација.

Награди:

  • FILM CENTER SERBIA Development Award – cash prize of 3.000 EUR
  • EAVE scholarship – for the EAVE European Producers Workshop
  • FLOW Postproduction Award – 10.000 EUR prize in post-production facilities
  • EWA – European Women’s Audiovisual Award – cash prize for the best female director
  • PRODUCERS NETWORK Prize Free accreditation to the Cannes Marche du Film Producer’s Network

Сите заинтересирани за WHEN EAST MEETS WEST, ги информираме и дека во рамките на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на 28 Септември, со почеток во 12.00 часот, во Малата сала на Центарот за култура Битола, ќе се одржи презентација на тема “Training and Markets”, од страна на Graziella Bildesheim (MAIA Workshops) и Alessandro Gropplero (WHEN EAST MEETS WEST), на која што ќе може да се постават директни прашања за овој ко-продукциски форум.