Премиера на „Детето во светот“

16/06/2014

            

Документарниот филм „Детето во светот“, во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Енох, ќе биде премиерно прикажан вечерва во киното Cineplexx во Скопје.

„Детето во светот“ е биографски филм посветен на култниот патеписец и документарист Љубе Цветановски.

Филмот е интимна хумана приказна за едно дете кое пораснало во забиено и оддалечено планинско село во Македонија, а кое како возрасен човек го прошетало целиот свет. За време на своите патувања, тој ги гледа, коментира и споредува сите разлики и сличности меѓу македонската и светската култура, цивилизација и обичаи. Поетиката и хуморот ќе бидат главни стилски наративни нишки на овој амбициозен документарен филм.

 

Филмот е поддржан од страна на Агенција за филм на Република Македонија.