„Деца на сонцето“ селектиран на фестивал во Бугарија

07/07/2015

Долгометражниот филм „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митриќески ќе се натпреварува за најдобар балкански филм на Меѓународниот филмски фестивал што ќе се одржува во Варна, Бугарија од 21ви до 27ми август, 2015 година.

Филмот е приказна за семејството и лојалноста, љубовта и загубата, предавството и искупувањето. Додека мафијата го уништува животот на едно големо семејство и ги остава на работ на егзистенцијата, силна и тајна љубов се разгорува помеѓу Марко (гангстер) и Ангела - двајца млади љубовници.

Филмот е копродукција со Србија и Црна Гора, по сценарио на Гордан Михиќ, а македонски продукции се „Хоризонт продукција“ и „Револушн продукција“. Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска, костимограф е Зорица Тодорова-Младеновиќ а главните улоги на Ангела и Марко ги толкуваат младите Кире Ѓоревски и Ивана Павлаковиќ.

Денес започнува и  дистрибуцијата на „Деца на сонцето“ во САД и Канада преку мрежата на  www.amazon.com.