Со премиера на „Деца на сонцето“ се затвора фестивалот „Браќа Манаки“

18/09/2014

    

 

Јубилејното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се затвора утревечер со премиера на „Деца на сонцето“, најновото остварување на режисерот Антонио Митриќески.

Филмот е приказна за семејството и лојалноста, љубовта и загубата, предавството и искупувањето. Додека мафијата го уништува животот на едно големо семејство и ги остава на работ на егзистенцијата, силна и тајна љубов се разгорува помеѓу Марко (гангстер) и Ангела - двајца млади љубовници.

Филмот е копродукција со Србија и Црна Гора, по сценарио на Гордан Михиќ, а македонски продукции се „Хоризонт продукција“ и „Револушн продукција“. Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска, костимограф е Зорица Тодорова-Младеновиќ а главните улоги на Ангела и Марко ги толкуваат младите Кире Ѓоревски и Ивана Павлаковиќ.

Ова е трет филм на режисерот Антонио Митриќески  по „Преку езерото˝ од 1997 и „Како лош сон“ од 2003 година.