Почнува снимањето на „Деца на сонцето“

17/06/2013

Во Отешево, на брегот на Преспанското Езеро, денеска ќе почне да се снима филмот „Деца на сонцето“ на режисерот Антонио Митрикески, негов трет игран филм по „Преку езерото˝ од 1997 и „Како лош сон“ од 2003 година.Планирано е филмот да се снима 36 работни дена во преспанскиот регион (Ресен, Отешево и Претор), и по неколку дена во Битола и Скопје.

По сценарио е на познатиот балкански автор Гордан Михиќ и е копродукција со Србија и Црна Гора. Македонски продукции се „Хоризонт филм“ и „Револушн продукција“.

Филмот е љубовна приказна со пресек на модерното македонско општество во која главни ликови се Ангела и Марко, а нив ќе ги толкуваат младите Кире Ѓоревски и Ивана Павлаковиќ.

Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска со кого Митрикески соработуваше и на својот претходен филм „Како лош сон“. Костимограф е Зорица Тодорова-Младеновиќ.