„Деца на сонцето“ од вечерва во Скопје

01/10/2014

    

Најновото остварување на режисерот Антонио Митриќески ќе биде премиерно прикажано вечерва во кино Милениум, со почеток во 20.00 часот.
По премиерата, филмот ќе се најде на редовниот репертоар на кино „Милениум“ и Синеплекс.


Филмот е приказна за семејството и лојалноста, љубовта и загубата, предавството и искупувањето. Додека мафијата го уништува животот на едно големо семејство и ги остава на работ на егзистенцијата, силна и тајна љубов се разгорува помеѓу Марко (гангстер) и Ангела - двајца млади љубовници.


„Деца на сонцето“ ја доживеа својата светска премиера на годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“, а воедно беше претставен во официјална конкуренција на Фестивалот на независен филм „Реинденс“ во Лондон.


Филмот е копродукција со Србија и Црна Гора, по сценарио на Гордан Михиќ, а македонски продукции се „Хоризонт продукција“ и „Револушн продукција“. Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска, костимограф е Зорица Тодорова-Младеновиќ а главните улоги на Ангела и Марко ги толкуваат младите Кире Ѓоревски и Ивана Павлаковиќ.